Торус Инженеринг е основана во 1992 година, работејки во доменот на градежништвото и архитектурата. Од тогаш, нашата работа се дисперзира и проширува во различни интердисциплинарни полиња.
#ТорусГрадежништво Изведба на резидензијални, комерцијални и индустриски објекти, преку сопствен развој и имплементација на нови техничко-технолошки решенија и современа опрема и методи, кои резултираат со континуирано усовршување и напредок во сите фази на изведбата.
#ТорусАрхитектонскоСтудио Kолектив од индивидуалци кои истражуваат и делуваат во различни области во архитектурата. Нашата работа се фокусира на прагматичните потреби на нашите клиенти, преку истражување на современите животни стилови и нивна имплементација во самиот проект, како и преку концептуално размислување надвор од традиционалниот домен на архитектурата.
#ТорусКоИнвестДомување Насочени кон создавање на подобра средина за живеење преку заеднички колаборативни стратегии
Извршен директор
Оперативен директор
Архитект
Главен инженер
Сметководител
Технички секретар
Од идеја до реализација, посветени на заедничка работа преку инклузивен процес на проектирање со корисниците. Создавање на квалитетно занаетчиство преку иновативен процес на проектирање и изведба насочена кон одржливи хумани енвиронменти.
Целиме да создаваме подобра иднина преку иновативна архитектура, пресретнувајќи ги сегашните потреби на корисниците и имплементација на современите стандарди и досегашните достигнувања во полето на архитектурата и градежништвото.
На почетокот на осумдеседите години на минатиот век, основачите на Торус Инженеринг Атанас Петров и Војо Петров, раководат со изградбата на голем број проекти, во и надвор од границите на Република Северна Македонија.
Основана во Скопје, од почетоците во 1992 па се до денес, Торус Инженеринг има изведено низа на значајни резиденцијални, административно-деловни, индустриски и спорско-рекреативни објекти и е наградена за своите достигнувања во градежништвото и архитектурата.
gdfgggdgdfgfghghgh