Какви треба да се куќите во граничните зони на градот, помеѓу градот и околината, помеѓу градските и руралните предели? Токму тие предели се потенцијал на градот како нова територија но и како можност на ново редефинирање на станбената типологија. Станбената архитектура треба да одговори на функционалните но и на знаковните вредности,  да одговори на утилитарните потреби, да е рамка на променливите животни процеси, но и да ги означи. Во фигуративна, просторна и материјална смисла во пределите каде што исчезнува станбената текстура да се препознае ликот на куќата , со посебен идентитет но кој во исто време  дава идентитет на местото.

Четирите типови на куќите за населба Илинден, Скопје се развиени во два основни типолошки низа со верзии на приземје и приземје и кат. Тип со одземен двор и компактен тип, кои имат верзии на П и П+1.

КЛИЕНТ Општина Илинден
ЛОКАЦИЈА Илинден, С.Македонија
ПОВРШИНА 76-155м2
ГОДИНА 2014
ПРОЕКТЕН ТИМ Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Гордан Петров, Александар Петановски